Псалми 22:11-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Не се оддалечувај од мене, зашто е близу неволјата, а нема никој да ми помогне.

12. Ме опколија многубројни јунци, васански бикови ме опкружија.

13. Своите усти ги отворија на мене, како лав што го раскинува пленот и рика.

14. Се разлеав како вода, ми се разглобија сите коски; моето срце стана како восок, се растопи во мене.

15. Мојата сила се исуши како црепна, и мојот јазик се залепи до непцето; Ти ме фрли во смртниот прав.

16. Кучињата ме опколија; лукав народ ме опкружи. Ги прободија моите раце и моите нозе.

17. Можам да ги пребројам сите свои коски, а тие ме гледаат и ме презираат.

18. Ги поделија моите облеки меѓу себе, и жрепка фрлаа за мојата облека.

19. Но, Ти, Господи, да не се оддалечиш, о моја сило, побрзај ми на помош!

20. Избави ја мојата душа од меч, единствената моја душа - од силата на кучето.

Псалми 22