Псалми 21:9-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Ќе ги направиш како вжарена печка, во времето на Твојата лутина! Господ ќе ги сотре со гнев и огнот ќе ги голтне!

10. Ќе го сотреш нивниот плод од земјата и нивното потомство помеѓу човечките чеда.

11. Зашто, намислија зло против Тебе, подготвија заговор и не можеа да го исполнат.

12. Затоа Ти ќе ги натераш да го свртат грбот, и Својот лак ќе го насочиш кон нивното лице.

13. Стани, Господи, со Својата сила! Ние ќе пееме и ќе ја славиме Твојата сила.

Псалми 21