Псалми 21:8-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Твојата рака ќе ги најде сите Твои непријатели, Твојата десница ќе ги најде оние што Те мразат!

9. Ќе ги направиш како вжарена печка, во времето на Твојата лутина! Господ ќе ги сотре со гнев и огнот ќе ги голтне!

10. Ќе го сотреш нивниот плод од земјата и нивното потомство помеѓу човечките чеда.

11. Зашто, намислија зло против Тебе, подготвија заговор и не можеа да го исполнат.

Псалми 21