Псалми 18:47-50 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

47. Бог, Кој одмаздува за мене, и ми ги покорува народите.

48. Кој ме избавува од моите непријатели! Ме издига над оние што стануваат против мене, ме спасува од насилниците.

49. Затоа ќе Те славам, Господи, среде народите и ќе му пеам на Твоето име:

50. Славно го избавуваш Твојот цар и му искажуваш милост на Твојот помазаник, на Давида и на неговото потомство довека.

Псалми 18