Псалми 18:25-30 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

25. Со милостивиот, Ти си милостив, на чесниот со чесност му враќаш;

26. со чистиот Ти си чист, а со развратниот Ти си спротивен од него;

27. зашто Ти ги спасуваш нажалените луѓе, а ги понизуваш гордите очи.

28. Ти ја запалуваш мојата светлина, Господи мој Боже, Ти ја осветлуваш мојата темнина:

29. Зашто преку Тебе го разбивам полкот, со мојот Бог прескокнувам преку ѕид.

30. Божјиот пат е совршен; Божјото слово е испитано. Тој е штит на сите, кои се надеваат на Него.

Псалми 18