Псалми 17:3-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Испитај го моето срце, посети ме ноќе, искушај ме, но нема да најдеш ништо; мојата уста не згреши.

4. Како што грешат луѓето: според зборовите на Твојата уста, се сочував од патиштата на насилниците.

5. Моите стапки ги држаа Твоите патишта, не се лизнаа моите нозе.

6. Кон Тебе викам, Боже, зашто Ти ќе ме послушаш! Наведни го Твоето уво кон мене и чуј ги моите зборови.

7. Прослави ја врз мене Твојата милост, о Спасителу, Ти Кој ги спасуваш, оние што се надеваат на Твојата десница, од оние што се креваат против нив.

Псалми 17