Псалми 145:3-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Господ е велик и достоен за секоја пофалба, Неговата величина е недостижна!

4. Од поколение во поколение се фалат Твоите дела и се навестуват Твоите силни дела.

5. Ќе зборувам за блескавата слава на Твоето величие, и за Твоите чуда.

6. Кажуваат за страотната сила на Твоите дела, јас ќе ја раскажувам Твојата величина.

7. Го разгласуваат споменот за Твојата голема благост, и ја опеваат Твојата правда.

8. Жалостив и милостив е Господ, долготрпелив и многумилостив.

Псалми 145