Псалми 143:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Давидов псалм. Господи, послушај ја мојата молитва, чуј ја мојата молба, по Твојата вистина; услиши ме по Твојата правда.

2. Не оди на суд со Твојот слуга, зашто никој жив не е праведен пред Тебе!

3. Непријателот ми ја гони душата, до земјата го притисна мојот живот; ме фрли да престојувам во темнина, како оние што умреа одамна.

4. Мојот дух веќе примира во мене, моето срце трпне во градите.

5. Си спомнувам за минатите дни, размислувам за сите Твои дела; размислувам за делата на Твоите раце.

Псалми 143