Псалми 143:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Давидов псалм. Господи, послушај ја мојата молитва, чуј ја мојата молба, по Твојата вистина; услиши ме по Твојата правда.

2. Не оди на суд со Твојот слуга, зашто никој жив не е праведен пред Тебе!

3. Непријателот ми ја гони душата, до земјата го притисна мојот живот; ме фрли да престојувам во темнина, како оние што умреа одамна.

4. Мојот дух веќе примира во мене, моето срце трпне во градите.

Псалми 143