Псалми 140:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. За началник на пејачи. Давидов псалм. Избави ме, Господи, од злобен човек, заштити ме од човек насилник;

2. од оние што измислуваат зла во срцето, и цел ден се собираат за бој.

3. Како змии ги изоструваат своите јазици, змијски отров им е под усните.

4. Спаси ме, Господи, од раката на злосторникот, чувај ме од човек насилник, кој сака мојата нога да се сопне.

Псалми 140