Псалми 14:1-3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Безумникот рече во своето срце: „Нема Бог!” Се расипаа; нивните дела се гнасни нема кој да прави добро.

2. Господ гледа од небесата на човечките синови за да види дали има некој разумен: кој да Го бара Бога.

3. Сите свртија заедно, сите се расипаа; нема кој да прави добро, нема ниеден.

Псалми 14