Псалми 136:13-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Тој го раздвои Црвеното Море: Вечна е Неговата милост!

14. Го преведе Израел низ неговата средина: Вечна е Неговата милост!

15. И ги фрли: Фараонот и неговите војски во Црвеното Море: Вечна е Неговата милост!

16. Тој го водеше Својот народ низ пустината: Вечна е Неговата милост!

17. Тој ги удри големите цареви: Вечна е Неговата милост!

18. И погуби големи цареви: Вечна е Неговата милост!

19. Аморејскиот цар Сион: Вечна е Неговата милост!

Псалми 136