Псалми 135:6-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Што и да Му се допадне на Господа, тоа го прави на небото и на земјата, во морето и во бездните.

7. Облаци крева од крајот на земјата, му создава молњи на дождот, го вади ветрот од неговите засолништа.

8. Тој ги погуби првородените во Египет, луѓето и добитокот еднакво.

9. Тој испрати знаци и чудеса сред тебе, Египете, против фараонот и сите негови слуги.

10. Тој погуби многу народи и погуби моќни цареви:

11. аморејскиот цар Сихон, и васанскиот цар Ог, и сите ханаански царства.

Псалми 135