10. Заради Давида, Твојот слуга, не свртувај го лицето од Твојот помазаник!
11. Господ му се заколна на Давида, со цврста заклетва од која нема да отстапи: „Потомок од Твојот род ќе го положам на Твојот престол.
12. Ако твоите синови ги пазат Мојот Завет и наредбите на кои ги учам, нивните синови, довека, ќе седат на Твојот престол!”
13. Зашто Господ го избра Сион, го посака него за Свое седиште.
14. „Ова ми е вечно почивалиште, ќе престојувам тука, зашто така посакав.