1. Песна на воздигање. Кога бев во неволја, извикав кон Господа, и Тој ме послуша.
2. Господи, избави ми ја душата од лажливи усни, од измамлив јазик!
3. Што ќе Ти даде Тебе и што ќе Ти придаде измамливиот јазик?
4. Со остри стрелички од војнички раце и со вжарено јаглење од метлика.
5. Тешко ми мене што треба да престојувам во Месех, и да живеам во Кидарските Шатори!