Псалми 119:81-90 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

81. КАФ. Мојата душа копнее за Твоето спасение, со надеж го чекам Твојот збор.

82. Моите очи копнеат за Твојата беседа; кога ќе ми донесеш утеха?

83. Станав како мев во дим, но не ги заборавам Твоите повелби.

84. Колку денови има Твојот слуга? Кога ќе ги судиш моите гонители?

85. Гордите ми ископаа јама: тие не работат според Твојот Закон.

86. Сите Твои заповеди се вистински: невин ме гонат, помогни ми!

87. За малку ќе ме погубеа во земјата, но јас не ги оставам Твоите наредби.

88. Оживеј ме според Твојата милост, и ќе ги чувам сведоштвата на Твојата уста.

89. ЛАМЕД. О Господи, Твојот збор останува довека, постојан како небесата.

90. Твојата милост е од род до род; ја зацврсти земјата, и таа стои.

Псалми 119