43. Не одземај го зборот на вистината од мојата уста, зашто се надевам на Твоите судови.
44. Ќе го пазам Твојот Закон постојано и довека.
45. Ќе одам нашироко, зашто ги истражувам Твоите повелби.
46. Ќе зборувам за Твоите прописи пред царевите и нема да се збунам.
47. Мојата наслада е во Твоите заповеди, зашто ги љубам.
48. Јас ги подигам рацете кон Твоите заповеди, зашто ги љубам и размислувам за Твоите повелби.
49. ЗАИН. Спомни си за Твоето слово кон Твојот слуга, со кое ми даде надеж.
50. Во неволја Твојот збор ми е сета утеха, тој ми е живот.
51. Гордите ме напаѓаат жестоко; но јас не отстапувам од Твојот Закон.
52. Се сеќавам, о Господи, за Твоите дамнешни пресуди и тоа ме утешува.
53. Гнев ме опфаќа заради грешниците, што го напуштаат Твојот Закон!
54. Твоите повелби ми се песна, во земјата низ која патувам.