Псалми 119:148-159 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

148. Моите очи ги престигнуваат ноќните стражи, за да размислувам за Твојата беседа.

149. Господи, послушај го мојот глас, според Твојата добрина, и оживи ме според Твојата одлука.

150. Наближуваат оние кои ме гонат неправедно, тие се далеку од Твојот Закон.

151. А и Ти си близу, Господи, и сите Твои заповеди се вистина.

152. Одамна знам за Твоите сведоштва дека ги создаде засекогаш.

153. РЕШ. Погледај на мојата неволја, избави ме, зашто не го заборавам Твојот Закон.

154. Брани ја мојата парница и откупи ме, поживи ме според Твоето ветување.

155. Спасението е далеку од грешниците, зашто не се грижат за Твоите повелби.

156. Голема е, Господи, Твојата милост: поживи ме според Твоите одлуки.

157. Мнозина ме гонат и угнетуваат, јас не отстапувам од Твоите прописи.

158. Ете, видов отпадници и ми се згадија, зашто не ги чуваа Твоите зборови.

159. Ете, ги љубам Твоите зборови, о Господи, поживи ме според Твојата милост.

Псалми 119