Псалми 119:145-150 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

145. КОФ. Викам, од сето срце, Господи, послушај ме: ќе ги пазам Твоите повелби.

146. Кон Тебе викам, спаси ме, ќе се држам за Твоите сведоштва.

147. Ја престигнав зората и се молам за помош, се надевам на Твоите зборови.

148. Моите очи ги престигнуваат ноќните стражи, за да размислувам за Твојата беседа.

149. Господи, послушај го мојот глас, според Твојата добрина, и оживи ме според Твојата одлука.

150. Наближуваат оние кои ме гонат неправедно, тие се далеку од Твојот Закон.

Псалми 119