Псалми 119:139-143 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

139. Мојата ревност ме подјадува, зашто моите угнетувачи ги забораваат Твоите зборови.

140. Твоите зборови се испитани многу, затоа Твојот слуга ги љуби.

141. Мал сум и презрен, но Твоите наредби не ги заборавам.

142. Твојата правда е вечна правда и Твојот Закон е чиста вистина.

143. Ме снајдоа тешкотии и неволји; но Твоите заповеди се моја наслада.

Псалми 119