Псалми 119:109-118 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

109. Мојот живот е во постојана гибел, но јас не го заборавам Твојот Закон.

110. Грешниците ми поставија стапица, но не се отклонувам од Твоите наредби.

111. Твоите сведоштва ми се вечно наследство, тие се радост во моето срце.

112. Го приклонив срцето, за да ги врши Твоите повелби, секогаш и до крај.

113. САМЕХ. Јас ги мразам неодлучните, а го љубам Твојот Закон.

114. Ти Си мој штит и мое засолниште, Јас се надевам на Твоето слово.

115. Отстранете се од мене злосторници, ќе ги пазам заповедите на мојот Бог.

116. Поткрепи ме според Твоето ветување, и ќе живеам; немој да се засрамам во својата надеж.

117. Помогни ми и ќе се спасам, ќе внимавам секогаш на Твоите повелби.

118. Ти ги презираш оние, што отстапуваат од Твоите повелби зашто е лажна нивната мисла.

Псалми 119