Псалми 116:13-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Ќе ја земам чашата на спасението и ќе Го повикам Господовото Име.

14. Ќе ги исполнам на Господа сите мои завети, пред сиот Негов народ.

15. Скапоцена е во очите на Господа смртта на Неговите свети.

16. Господи, Твој слуга сум, Твој слуга, син на Твојата слугинка: Ти ги разврза моите окови.

17. Ќе Ти принесам Тебе благодарни жртви, ќе Го повикам Господовото Име.

18. Ќе ги исполнам на Господа сите свои завети, пред сиот Негов народ.

Псалми 116