Псалми 115:8-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Такви се и оние, што ги направија, и сите кои се надеваат на нив.

9. Израелев доме, надевај се на Господа! - Тој е нивни штит и помошник.

10. Аронов доме, надевај се на Господа! Тој е нивни штит и помошник.

11. Почитувачи Господови, надевајте се на Господа! Тој е нивни штит и помошник.

12. Господ ќе си спомни за нас, и Тој ќе нè благослови: ќе го благослови Израелевиот дом, ќе го благослови Ароновиот дом,

13. ќе ги благослови оние, кои се бојат од Господа, и малите и големите.

14. Да ве намножи Господ, вас и вашите синови!

Псалми 115