Псалми 106:21-28 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

21. Го заборавија Бога, Спасителот свој; во Египет, правејќи знаци

22. и чудеса во Хамовата Земја, и стравотии при Црвеното Море.

23. Веќе намисли да ги сотре, но Мојсеј, Неговиот избраник, се зазеде за нив, за да Му го одврати гневот и да не ги уништи.

24. Ја презреа тие пожелуваната земја, не верувајќи Му на Неговото слово.

25. Роптаа под своите шатори, не го послушаа Господовиот глас.

26. Се заколна тогаш со крената рака: ќе ги покоси сите во пустината,

27. ќе го распрсне нивното поколение меѓу народите, ќе ги растури нив по земјата.

28. Му се посветија на Валфегора и јадоа жртви за мртвите.

Псалми 106