Псалми 105:5-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Спомнете си за чудесата што ги направи, за чудата и за судовите на Неговата уста!

6. Авраамовиот род е Негов слуга, Јакововите синови Негови избраници!

7. Тој е Господ, Бог наш; Неговите судови се по целата земја!

8. Тој си спомнува секогаш за Својот Завет, за словото што им го кажа на илјади поколенија:

9. за Заветот што го склучи со Авраам, и за Својата заклетва на Исак.

10. Го воспостави како закон за Јакова, вечен Завет за Израел,

11. зборувајќи: „Тебе ќе ти ја дадам Ханаанската Земја, како дел во вашето наследство.”

12. Кога уште беа малку на број, многу малку, и кога беа придојденици во неа,

13. одеа од народ до народ, од едно царство кон друг народ.

14. Но не остави никого да ги угнетува, ги казнуваше царевите заради нив:

15. „Не гибајте ги Моите помазаници, не нанесувајте им зло на Моите пророци!”

16. И Тој го повика гладот на земјата, ги уништи сите житници за леб.

17. Испрати човек пред нив: Јосиф беше продаден во ропство.

Псалми 105