30. Заврвеа жаби низ нивната земја, проникнаа и во царските соби.
31. Рече: и рој муви долета, и комарци во сите нивни краишта.
32. Место дожд им даде град, огнени секавици во нивната земја.
33. Ги удри нивните лозја и смокви, ги искрши дрвата во нивните предели.
34. Рече: и скакулци дојдоа и безбројни гасеници со нив.
35. Ги изедоа сите растенија во нивната земја, го изедоа плодот на нивните ниви.
36. Ги порази сите првороденци во нивната земја, сите прваци на нивната сила.
37. Ги изведе со сребро и злато; во нивните племиња немаше болни.
38. Египет се зарадува на нивното заминување, зашто го опфати страв од нив.
39. Го распростре облакот како покрив, и оган да свети во ноќта.
40. Замолија, и доведе препелици, со небески леб ги нахрани тогаш.