Псалми 102:14-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Зашто мили им се неговите камења на твоите слуги, ги жалат неговите урнатини.

15. Тогаш, Господи, многубошците ќе се бојат од Твоето име, и сите цареви на земјата од Твојата слава.

16. Кога Господ пак ќе го изгради Сион, кога ќе се покаже во Својата слава,

17. кога ќе погледне кон молитвите на лишените, и не ја презре нивната молитва.

18. Нека се запише ова за идното поколение, и луѓето што ќе бидат создадени, ќе Го фалат Господа.

19. Зашто Бог гледа од Своето возвишено светилиште, гледа од небесата кон земјата,

Псалми 102