1. Давидов псалм. Да запеам за добрината и правдата, да Ти засвирам, Тебе, Господи!
2. Ќе размислувам за патот на совршенството: кога ќе дојдеш при мене? Ќе одам со невино срце во својот дом.
3. Не ќе оставам, пред моите очи, ништо подмолно. Мразам човек кој прави зло: тој не ќе биде покрај мене.
4. Развратно срце ќе биде далеку од мене; не сакам да знам за ништо нечесно.