Псалми 100:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Воскликнувај Му на Господа, цела земјо!

2. Служете Му на Господа со веселба! Дојдете пред Неговото лице со радосни извикувања!

3. Знајте дека Господ е Бог: Тој нè создаде, и ние сме Негови, Негов народ сме и овци на Неговото пасиште.

4. Влезете: со благодарници во Неговата врата; со песни во Неговите дворови; фалете Го, славете Му Го името!

Псалми 100