Псалми 10:15-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. Сотри му ја мишката на нечестивиот, и на злотворот, казни му го лукавството, за да не биде повеќе.

16. Господ е Цар, секогаш, низ вековите, ќе ги снема народите од Неговата земја.

17. Господи, Ти ги слушаш желбите на кротките; зајакни им ги срцата; отвори го Своето уво:

18. да го заштитиш правото на сирачето и угнетуваниот, така што човекот, кој е од земја, да не застрашува веќе.

Псалми 10