Проповедник 10:6-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. безумните се издигнуваат на највисоки места, а богатите заземаат ниски положаи.

7. Видов слуги на коњи, а кнезови кои одеа пеш како слуги.

8. Кој копа јама, паѓа во неа; кој разурнува ѕид, змија го каснува.

9. Кој крши камења, тоа го повредува; кој цепи дрва, може да настрада.

10. Кога ќе се затапи железото и неговата острица не е наострена, тогаш треба повеќе сила; а успехот е награда на мудроста.

11. Ако змијата касне пред вражањето, тогаш вражачот ништо не користи.

12. Полни се со благодат зборовите од устата на мудрецот, а безумникот го упропастуваат неговите усни.

Проповедник 10