П.надпесн. 4:13-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Твоите подници се калинкина градина, полна со најодбрани плодови: калинка и шафран,

14. мирислива трска и цимет, со сите темјанови стракови, со смирна и алој, со најдобри мириси.

15. Кладенецот е во мојата градина, извор на жива вода што тече од Ливан.

16. Стани: северец! дувни: јужен ветре! Повеј над мојата градина, нека се разнесат нејзините мириси. Мојот возљубен нека дојде во својата градина, за да ги вкуси нејзините најслатки плодови.

П.надпесн. 4