П.надпесн. 1:9-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Те споредувам со коњите во фараоновите коли, моја возљубена.

10. Прекрасни се твоите образи меѓу ушниците; твојот врат со ѓерданите;

11. ќе направиме златни обетки, за тебе, со сребрени приврзоци.

12. Додека царот се одморува на своите постели, мојот нард мириса.

13. Мојот возљубен е како страк смирна, што почива меѓу моите гради.

14. Мојот возљубен е како кипров грозд од енгадските лозја.

15. О, ти си прекрасна, моја возљубена; колку си убава! имаш очи како гулабица.

П.надпесн. 1