Откровение 9:19-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. Зашто силата на коњите беше во нивните усти и во нивните опашки: имено, нивните опашки се слични на змиите, имаат глави и пакостат со нив.

20. А другите луѓе, кои не загинаа од овие зла, не се покајаа за делата на своите раце, да не им се поклонуваат на бесовите и на златните, сребрените, бронзените, камените и дрвените идоли, кои не можат ниту да гледаат, ниту да слушаат, ниту да одат.

21. И не се покајаа за своите убиства, ниту за своите вражања, ниту за своите блудства, ниту за своите кражби.

Откровение 9