Откровение 22:18-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. Јас му сведочам секому, кој ги слуша пророчките зборови на оваа книга. Ако некој им додаде нешто, Бог ќе му додаде од злата опишани во оваа книга.

19. А ако некој одземе нешто од зборовите на книгата на оваа пророштво, Бог ќе му го одземе неговиот дел од дрвото на животот и од светиот град, кои се опишани во оваа книга.

20. Оној, Кој го сведочи ова, говори: „Да, доаѓам скоро!” - Амин! Да дојди! Господи Исусе!

21. Благодатта на нашиот Господ Исус Христос со сите вас. Амин!

Откровение 22