Откровение 22:11-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Кој врши неправда, нека врши уште неправда; и кој е нечист, нека се онечистува уште; и кој е праведен нека врши уште правда; и кој е свет, нека се осветува уште!”

12. И ете, доаѓам скоро, и наградата Моја е со Мене, за да му дадам секому според неговото дело!

13. Јас Сум Алфа и Омега, Првиот и Последниот, Почетокот и Свршетокот.

14. Блажени се оние, кои ги перат своите облеки, за да имаат право на дрвото на животот и за да можат да влезат во градот низ портите!

Откровение 22