Откровение 21:21-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

21. А дванаесетте порти: дванаесет бисери; секоја врата беше од еден бисер. И градската улица беше од чисто злато како проѕирно стакло.

22. А храм не видов во него; зашто негов храм е Господ Бог - Сèмоќниот, и Јагнето.

23. И на градот не му е потребно сонцето, ниту месечината, за да му светат, зашто Божјата слава го осветлува, а Јагнето му е светилник.

24. И народите на оние кои се спасени ќе одат во неговата светлина, и земните цареви ќе ја донесат својата слава во него.

Откровение 21