Откровение 11:17-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. велејќи: „Ти благодариме, Господи Боже Сèмоќен, Кој си и Кој беше, и Кој иде, зашто ја зеде Својата голема сила и се зацари.

18. И народите се разгневија, и дојде Твојот гнев и времето да им се суди на мртвите, и да им се даде награда на Твоите слуги, на пророците и на светите и на оние, кои се бојат од Твоето име, мали и големи, и да ги уништиш оние, кои ја расипуваа земјата.”

19. И се отвори Божјиот храм во небото и се покажа ковчегот на Неговиот завет во Неговиот храм, и настанаа молњи и грмежи и гласови и земјотрес и голем град.

Откровение 11