Осија 5:9-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Ќе го запустее Ефрема до денот на казната; меѓу Израелевите племиња Јас известив за тоа.

10. Јудејските кнезови станаа како оние што ги преместуваат меѓите; врз нив ќе го излеам како вода Својот гнев.

11. Ефрем е угнетувач, тој ја гази правдата, зашто му се допадна да оди по ништожество.

12. А јас ќе му бидам на Ефрема како молец, како гнилеж на Јудината куќа.

Осија 5