Осија 4:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Чујте го Господовото слово, Израелеви синови, зашто Господ спори со жителите на земјата. Нема веќе верност, нема милост, нема познавање Божјо на земјата,

2. туку проклетство и лага, убивање и кражба, прељуба и насилство, една крв ја стигнува другата.

3. Затоа земјата ќе тагува и ќе гинат сите нејзини жители со полските ѕверови и со небесните птици, та ќе гинат и рибите во морето.

4. Сепак нека никој не се препира, нека никој не укорува. Но со тебе треба да се препирам, свештенику.

Осија 4