Осија 2:8-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. И таа не разбра дека Јас и давав и жито и вино и масло, дека ја опсипував со сребро и со злато од кое направија идол за Ваала.

9. Затоа ќе го земам назад своето жито во Свое време и Своето вино во вистински час; ќе ги одземам Својата волна и Својот лен со кои требаше да ја покрива својата голота;

10. сега ќе и го откријам срамот пред очите на нејзините љубовници, и никој нема да ја избави од Мојата рака.

11. Ќе им направам крај на сите нејзини веселби; прослави, млади месечини, саботи, и на сите нејзини празници.

Осија 2