Осија 2:16-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. Во оној ден - говори Господ - ти ќе ме викаш: „Мажу мој,” а не ќе ме викаш веќе: „Ваалу мој.”

17. Ќе и ги отстранам од устата ваалските имиња, и веќе не ќе им ги споменува имињата.

18. Во оној ден, ќе склучам за нив сојуз со животните во полето, со небесните птици и со земните ползачи; ќе ги истребам од земјата лакот, мечот и војната за да почиваат мирно во неа.

19. Ќе те свршам довека за Себе; Ќе те свршам во правда и справедливост, во добрина и во милост;

20. ќе те свршам за Себе во верност и ти ќе Го сознаеш Господа.

Осија 2