Осија 10:1-3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Израел беше бујна лоза, таа донесуваше богат плод. И колку повеќе му се раѓаа плодови, толку повеќе ги умножуваше жртвениците; колку побогата му беше земјата, толку понакитени столбови подигаше.

2. Нивното срце е поделено, ќе го исплатат тие тоа! Тој ќе им ги сруши жртвениците, ќе им ги искрши нивните столбови.

3. Тогаш ќе речат: „Ние немаме цар зашто не се боевме од Господа. Та што би сторил тој?

Осија 10