Наум 1:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Пророштвото за Нинивија; книга на видението на Наум Елкошанецот.

2. Господ е Бог ревнител и одмаздник; Господ се одмаздува и се гневи; Господ им се одмаздува на Своите противници, издржлив е во гневот против непријателите.

3. Господ е долготрпелив, ама голем во сила. Никако, Господ нема да ги пушти виновниците неказнети. Неговиот пат е во виор и во бура, облаците се прав на Неговите нозе.

4. Му се заканува на морето и го исушува, ги пресушува сите реки. Васан и Кармил овенаа, венее цветот на Ливан.

5. Пред Него горите се потресуваат, бреговите се топат, земјата се воздига пред Него, светот и сè што живее во него.

6. Кој може да издржи пред Неговото негодување? И кој ќе издржи пред пламенот на Неговиот гнев? Неговиот гнев се излева како оган и стените се распаѓаат пред Него.

7. Господ е добар, Тој е тврдина во ден на неволја, ги познава оние, кои прибегнуваат кон Него.

Наум 1