1. Чујте сега што зборува Господ: „Стани! Суди се пред горите, и бреговите нека го чујат твојот глас!
2. Гори слушајте ја Господовата пресуда, основи на земјата, чујте, зашто Господ се суди со Својот народ, Тој се суди со Израел:
3. Народе Мој, што ти сторив? Со што те изморив? Одговорете против Мене,
4. Јас те изведов тебе од Египетската Земја, те избавив од куќата на ропството; го испратив пред тебе Мојсеја, Арона и Маријам.
5. Народе Мој, спомни си сега: Што беше наумил Валак, моавскиот цар? Што му одговори нему Валаам, синот Веоров, (спомнете си за сè збиднато) ... од Ситим до Галгал, за да ги познаеш праведните Господови дела?”
6. Со што ќе дојдам пред Господа, ќе паднам ли ничкум пред Сèвишниот Бог? Ќе дојдам ли пред Него со жртва паленица, со телиња годиначиња?