5. Зашто сите народи одат, секој во име на својот бог, а ние, ние одиме во Името на Господ, нашиот Бог, секогаш и довека.
6. „Во оној ден - говори Господ - ќе ги соберам хромите, ќе ги приберам распрснатите и сите на кои што им нанесов беда.
7. Од хромите ќе направам Остаток, силен народ од оние што се отфрлени. Тогаш Господ ќе владее над нив на гората Сион од сега и довека.
8. И ти Стражарнице на стадата, Тврдино на Сионската Ќерка, пак ќе ти се врати тебе поранешната власт, царството на Ерусалимската Ќерка.”
9. Зошто сега викаш со силен глас? Нема ли цар во тебе? Зар пропаднаа твоите советници да те опфаќаат болките како родилка?
10. Виткај се од болка и пискај, Сионска Ќерко, како жена што раѓа, зашто сега ќе излезеш од градот и ќе живееш во полето. Ти ќе отидеш до Вавилон, таму ќе се ослободиш, таму ќе те откупи Господ од рацете на твоите непријатели.