Михеј 3:4-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Затоа, тие ќе Го повикуваат Господа, а Тој не ќе им одговори. Ќе го скрие во тоа време лицето од нив, заради злосторите што ги направиле.

5. Господ зборува вака против пророците кои го заведуваат Мојот народ: Кои гризаат со забите, и прогласуваат: „Мир!” Но против оној, кој не им става ништо во устата навестуваат војна.

6. „Затоа ќе имате ноќ место вашите привиди, и темнина место пророштво. Ќе им зајде сонцето на тие пророци, и денот ќе се стемни за нив.

7. Тогаш гледачите ќе се засрамат и ќе се збунат вражалците. Сите тие ќе ги покријат усните, зашто ќе нема Божји одговор.”

8. Ама јас сум полн со сила и со Господов Дух, полн со правда и со цврстина за да му ја известам на Јакова неговата нечесност, на Израел неговиот грев.

9. И така, чујте го ова, главатари на Јакововата куќа, судии на Израелевиот дом, вие на кои им се гади правдата, та извртувате сè што е правилно!

Михеј 3