Матеј 6:8-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. И така, не бидете како нив, зашто вашиот Татко знае што ви е потребно, уште пред да Го помолите.

9. Туку молете се вака: „Татко наш, Кој си во небесата, да се свети Твоето име;

10. да дојде Твоето царство, да биде Твојата волја, како во небото, така и на земјата;

11. нашиот насушен леб, дај ни го денес;

12. и прости ни ги нашите долгови, како што и ние им ги проштаваме на нашите должници;

13. и не воведувај нè во искушение, но избави нè од лукавиот. Зашто Твое е царството, и силата, и славата, во сите векови. Амин!”

Матеј 6