Матеј 5:42-45 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

42. Дај му на оној што бара од тебе, и не свртувај се од оној што ти сака на заем.”

43. ”Сте чуле дека било речено: ‘Љуби го својот ближен и мрази го својот непријател’.

44. А Јас ви велам: Љубете ги своите непријатели и молете се за оние, кои ве гонат;

45. за да бидете синови на вашиот Татко, Кој е во небесата, Кој прави Неговото сонце да изгрева над злите и над добрите, и дава дожд на праведните и на неправедните.

Матеј 5