Матеј 4:2-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. И откако постеше четириесет дни и четириесет ноќи, најпосле огладне.

3. Тогаш искушувачот Му пристапи и рече: „Ако си Божји Син, кажи овие камења да станат лебови!”

4. А Тој одговори и рече: „Напишано е: ‘Човекот не ќе живее само од леб, туку од секој збор, што излегува од устата на Бога’.”

5. Тогаш ѓаволот го одведе во Светиот Град, Го постави на крилото на Храмот,

6. и Му рече: „Ако си Божји Син, фрли се долу; зашто е напишано: ‘Ќе им заповеда на Своите ангели за Тебе, и ќе Те носат на раце, за да не Си ја удриш ногата на камен.’

7. Исус му рече: „Напишано е повторно: ‘Не искушувај Го Господа, твојот Бог’!”

8. Ѓаволот пак Го одведе на многу висока гора и Му ги покажа сите царства на светов и нивната слава,

9. и Му рече: „Ќе Ти го дадам сè ова ако паднеш и ми се поклониш.”

10. Тогаш Исус му рече: „Оди си, сатано, зашто е напишано: ‘На Господа, твојот Бог, ќе Му се поклонуваш и ќе Му служиш само Нему!’”

11. Тогаш ѓаволот Го остави и, ете, ангели дојдоа и Му служеа.

12. А кога чу дека Јован е предаден, се повлече во Галилеја.

13. И откако го напушти Назарет, дојде и се насели во Капернаум, крај морето, во пределите Завулонови и Нефталимови,

14. за да се исполни она што го рече пророкот Исаија:

15. ”Земјата Завулонова и земјата Нефталимова, на пат кон морето, од другата страна на Јордан, Галилеја на народите;

16. народот, кој седеше во темнина, виде голема Светлина, и на оние, кои седеа во пределот и сенката на смртта, на нив им изгреа Светлина.”

17. Оттогаш Исус почна да проповеда и да говори: „Покајте се, зашто царството небесно се приближи!”

18. А кога одеше покрај Галилејското Море, ги виде двајцата браќа: Симона, наречен Петар, и брата му Андреја, дека фрлаа мрежа во морето, зашто беа рибари,

Матеј 4